Будала до Будала

Branko Stojanovski / Wav-E Video 5 months ago

Beschrijving

БУДАЛА ДО БУДАЛА
Инспирација од народот што доживува и раскажува, демек балканска (ако не и пошироко) народна песна .

Будала до Будала
(Budala do Budala)

Гужва!!!... Неред!!!, сите забрзани,
коли еден куп, насекаде паркирани,
на кружен тек, ко во центрифуга,
кој од кој, без сообраќајна култура.
Кола до кола, како долга магарица,
а градот наш ,како циркус во лудница.
Се прави ред кога иде делегација.
мачкање очи, за оскар номинација.

Јавниот превоз и тој е за никаде,
со возни средства, кој ли ни ги продаде.
Дупка до дупка, ѓубре наоколу
сите се бунат, секој лут на секого.
Kонтењери преполни, ко пена од пиво,
без разум и план се гради на диво.
Загаден воздух, ич не се поднесува,
тешко се дише,не труе.... загушува.
Сите незадоволни, луди и бесни
политичари алчни, граѓани не-совесни.
усно да се жалиш или жалба да пишеш
гарант си поздрав ако воопшто не дишеш.


Себична политика празни ветувања,
лажги со опашки и расејувања,
на власт празен муабет, рекла казала,
а таму анархија, будала до будала.
Себична политика, празни ветувања,
лажги со опашки и расејувања,,
во нашата држава, голема лудница,
кој од кој, будала по-будала.


Се краде, се лаже, веќе не се трпи,
потта не се брише ни со пешкир ни со крпи
На целиот хаос, будалаштина и мака
преку ноќ да се збогати , секој си сака.
Во државно здраство, не се инвестира,
кој има пари може да си бира.
Голема мафија и тоа како,
стискај заби оти приватно е скапо.


Но тоа не е се, правиме атракција
нашиот парламент си има конкуренција
се градат места нови за мамење,
казина еден куп, стварно сме за жалење.
Во јавни институции пред шалтер наредени,
стојат луѓе очајно, како навредени
Ќе дојдеш ли на ред, никој не знае,
но сигурно е дека, долго ќе потрае

"Ако немаш врски"

Себична политика празни ветувања,
лажги со опашки и расејувања,
на власт празен муабет, рекла казала,
а таму анархија, будала до будала.
Себична политика, празни ветувања,
лажги со опашки и расејувања,,
во нашата држава, голема лудница,
кој од кој, будала по-будала.


Перење на пари, машина за корупција
казни се кинат со врски во полиција
партиска книшка, ни отвара врати
немора на работа,а сепак зимаш плати,
Како гром од ведро небо тендери се збираат
јавните знаменитости се уринираат.
"Ќе има добра иднина", тоа ни го велат,
никој не им верува, па луѓето се селат.
Сликата е лоша, вистината солена,
а позади зграда,
„нужда голема‚“.

Себична политика празни ветувања,
лажги со опашки и расејувања,
во влада владее, дезориентација,
а таму анархија, будала до будала.
Никаква стратегија, лажно ветување,
алчни аварии и самобеднисување,
во собрание, рекла казала,
а таму е лудница,
будала до будала.


Но, уживај, лабаво, "hakuna matata"
ако имаш среќа и ти ќе земеш плата.

БУДАЛА ДО БУДАЛА!!!